Ноќи на малите куриња

Очигледно некои наши сограѓани имаат невообичаено хоби. Дење живеат нормални животи, ама навечер негуваат специфичен стил на слобода на изразување. Облекуваат црни качулки, се собираат во група и фрлаат камења и шишиња по туѓ имот. Е сега, не по сечиј имот. Овие наши сограѓани се исклучително селективни. Имено, тие лупаат пенџериња само на оние кои што јавно кажуваат дека љубовта не познава пол.

Сега сите ние треба да прифатиме дека нашите сограѓани со чуден вкус за изразување на своите ставови се во право, а оние на кои што им ги кршат пенџерињата не се. Иако едните се силеџии, а другите жртви, ние треба да ја голтнеме приказната на моралната супериорност на качулките и нивното право преку “рачни изразни средства“ да демонстрираат одбрана на јавниот морал. Во своите настапи, ја первертираат стрипската слика за супер-херојот (иако супер хероите се исклучително геј стилизирани, во пренагласени костуми што ги исцртуваат нивните мускули). Дење се нормални граѓани, но кога ќе падне ноќта тие ги облекуваат своите коститми и се трансформираат во сила која што ја брани Македонија од “нападот“ на “злото“. И додека супер – херојот е сам, нашиве махери се исклучиво во толпа. Затоа наместо супер-херои тие се трансформираат во супер-морони. Кај супер херојот анонимноста е потребна за да се зачува неговиот интегритет, кај супер-моронот е потребна да се зачува неговиот кукавичлук.

Има уште една друга група на наши сограѓани кои шетаат костимирани. Нив државата им ги дава костимите за да ги означи како чувари на редот и цивилизираноста. Крајно време е тие костимирани ликови да ги соберат другиве костимирани ликови и да им објаснат дека фрлањето со камења по туѓи куќи не спаѓа во слобода на изразување на ставови. Ове ноќи на малите куриња мора да се запрат дур не се претвориле во кристални ноќи. 

Advertisements

One Comment on “Ноќи на малите куриња”

  1. vizija напиша:

    Од кога фрлањето камења по туѓи куќи и кршењто позорци на туѓи куќи стана СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ НА МИСЛЕЊЕТО, а новинарскиот израз се цензурира и казнува? Кој им дава право на овие „градски фаци“ да судат и пресудуваат без постапка исто како и судовите кои пресудуваат по експресна постапка? Значи ли тоа ако на некого не му се допаѓа мојот лик или мојата става , деке една вечер ќе дојде дома и ќе се изживува на свој начин изразувајќи го незадоволството од тоа као тој лично ме доживува? Ова станува не страшно туку морбидно…


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s